Зошто двајцата италијани отвориле фирма во Лабуништа?

Двајца државјани на Италија, отвориле фирма во струшко Лабуништа. Тие сакале од туѓи платежни картички да вадат пари од ПОС терминал но наместо тоа, заработиле кривична пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.М. (46) и М.Б. (45), државјани на Република Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изработка и употреба на лажна платежна картичка“.  Пријавените преку адвокат – полномошник отвориле две фирми во с.Лабуништа Струга и на име на фирмите отвориле банкарски сметки во Халк Банка и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали. По отворањето на банкарските сметки и ПОС терминали од претходно набавени броеви од платежни картички со туѓи податоци направиле обид за вршење на трансакции.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани