Пештанка изгубила контрола над возилото и удрила во дрво

38 годишна жителка од Пештани, целосно изгубила контрола над својот автомобил што го управувала. Таа во близина на авто кампот „Елешец“ удрила во дрво а потоа пренесена во болницата „ Св.Еразмо“.

Сообраќајката се случила на 19.12.2017 година во 08,10 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум помеѓу авто-кампот „Елешец“ и с.Пештани. Л.Ц. (38) од с.Пештани, управувајки патничко возило „Даеву Нексија“ со охридски регистерски таблици изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво. Во незгодата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Болницата„Свети Еразмо“-Охрид, каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани