Денес, точно на пладне во присуство на голем број граѓани, свечено беше отворен новиот современ бизнис хотел во Охрид.
Сместен во трговскиот комлексот Кам Вилиџ, хотелот „Village“ нуди вистнски комфор, врвна улуга, современо сместување, вкусна традиционална храна и исклучително евтини примамливи цени.
Хотелот располага со 39 собикои што се модерно уредини, 1 фамилијарна соба и 5 делукс апартмани.
-, Хотелот е бизнис хотел. Собите се опремени модерно и ги задоволуваат стандардите на хотел со 4 ѕвезди. Имаме и комплетно опремена конференциска сала која што располага со60 места, модерно лоби за деловни состаноци, семинари и конгреси. вели Виолета Ангеловска директор на „Кам Вилиџ“.
Во рамките на хотелот ќе функционира и ресторан со традиционална македонска, но и интернационална храна. За еден месец ќе биде отворен и ресторан за брза храна.
-„Цените во ресторанот се согласно политиката на Кам холдинг, односно тие се приспособени според побарувачката на клиените доста пониски цени каде секое семејство ќе може еднаш до два пати неделно ќе може да си остварат семеен ручек или вечера“, потенцираше Ангеловска.
Трговскиот центар Кам Вилиџ е распослан на 20 000 метри квадратни во него веќе неколку месеци успешно функционира игротеката „Вања“, која е една од најубавите во земјава.
Во трговскиот центар кој е регионален центар е граден по светски терк. Има вкупно 70 продавници во внатрешен и надворешен дел, модерно дизајнирана улица, во која е запазена архитектурата во регионот. Наскоро ќе се гради и модерен спа центар.
Трговскиот центар „Кам Вилиџ“ е една од најголемите домашни инестиции во Западна Македонија, која во Охрид до крајот на годинава ќе донесе околу 150 вработувања.
ФОТОГРАФИИ: