На четвртата седница охридските советници ќе избираат членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија.
Сите 19 точки на дневен ред се посветени на именување и разрешување на членови во управните и надзорните одбори на ЈП Билјанини извори, Нискоградба, Охридски комуналец, Градски гробишта и Градски пазар. Седницата е закажана заутре (четврток 21.12 2017) во 09 часот.
Според најавите на седницата нема да учествува советничката група од ВМРО ДПМНЕ, во знак на протест за притворените пратеници.