ВМРО ДПМНЕ за утре најави блокади на граничниот премин Ќафасан.
Во периодот од 17 до 18 часот ќе има блокада на граничен премин „Ќафасан“, следниот ден на 22 декември блокадата е најавена во периодот од 17 до 18 часот на граничен премин „Деве Баир“, а на 24 декември во периодот од 16 до 18 часот на граничен премин „Богородица“.
Утре во 16 часот ОК на ВМРО ДПМНЕ најави протест и блокади на раскрсницата кна булевар Туристичка кај Охридска банка.
-„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во знак на револт и протест против уривањето на демократијата и правната држава, против монтираните процеси и политички прогон, информира дека утре, 21.12.2017 (четврток) во периодот од 15:45 часот до 17:30 часот ќе го блокира кружниот тек кај Охридска Банка како поддршка за уставобранителите“, информираат од партијата.