Ќе чини ли изградбата на автопатот Кичево-Охрид половина милијарда евра?
Владата и кинеската Синохидро пресметуваат уште колку пари се потребни за да се исправат промашувањата на трасата, пишува 24vesti.com.mk. Во меѓувреме најавуваат дека ќе потпошат еден од предвидените два анекси на договорот за да може да се продолжи рокот за изградба најверојатно за уште три години.Вториот анекс ќе биде потпишан откако ќе се утврди дополнителната сума. „Дополнителната сума се преговара во моментов и најверојатно ќе се оди со два анекси. Првиот ќе биде со продолжување на рокот се додека точно не се утврди сумата, не би шпекулирал со суми, зошто разни суми беа излезени во јавност. Вториот ќе биде за дополнителните сретства.“ – изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.Претходно ЈП за државни патишта посочи дека според груби пресметки потребни се 130 милиони евра дополнителни пари за да се исправат грешките на трасата. Ако на оваа сума се додадат 375 милиони евра предвидени со договорот, тогаш излегува дека 1 километар автопат до Охрид ќе чини релиси 9 милиони евра.Претходната влада зеде кредит од 580 милиони евра од кинеската Ексим банка, а со закон преку Собранието изградбата на автопатот Кичево Охрид но и на Миладиновци- Штип ја довери на компанијата „Синохидро“. Експртите неколкупати алармираа за процедурата и начинот на кој што се градат автопатиштата. СЈО за изградбата на овие два автопата отвори случај, со обвиниение дека поранешни функционери, го оштетиле буџетот за 155 милиони евра.
