Поскапуваат горивата во Македонија

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар.

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика новата цена на еуросупер 95 ќе изнесува 66,50 денари, на еуросупер 98 ќе изнесува 68 денари за литар, на еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар. Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани