Момче било проподено со нож во Струга, дознава Охриднет.
Настанот се случил вчера во угостителски објект во струшкиот пазар . Од засега непознати причини, напаѓачот го проподел со нож момчето, кое завршило во болница.
Полицијата го потврди настанот:
-„На 30.12.2017 година околу 00,40 часот во угостителски објект во Струга, при меѓусебна расправија Ф. Ш. (33) со нож им нанел повреди на Д. С. (17) во пределот на раката и Д.Џ. (23) во пределот на стомакот, сите од Струга. Двајцата се пренесени во Медицински Центар-Струга и по укажаната лекарска помош Д.С е пуштен на домашно лекување додека врз Д.Џ. се врши хируршка интервенција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“.
Врз повредениот бил извршен хируршки зафат и според првичните информации, момчето било надвор од животна опасност.
