Покрај прехрамбените производи, стружанец во својата продавница за прехрана во селото Мороишта чувал и продавал петарди.Струшката полиција му ја расипала предновогодишната забава и екстра профит,го привела и му ги одзела петардите.
Според полициското соопштение, на 29.12.2017 година од страна на инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“, сопственост на В. Л. (1962) од истото село, при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.
