Советниците од ВМРО обвинуваат за намален буџет во туризмот во Охрид , градоначалникот тврди дека истиот е непроменет.
Според советниците од опозицијата буџетот за 2018 година е намален за околу 203 илјади евра.
Туризмот е клучната гранка за развојот на Охрид, кој носи вработувања и напредок за градот, а новата власт тоа го скратува.
-„Да ве потсетам кога зборуваа за туризам силно се биеја во гради а денес кога треба да се вложува во туризмот го кратат и она добро што постоеше. Туризмот е иднината на овој град“ изјави Лидија Петкоска претседател на Комисијата за туизам
Основниот буџет за туризам остана ист како и ланскиот. Номинално буџетот е намален само за износот на проектните активности заради тоа што се уште нема одговор по аплицираните проекти од меѓународните фондови, објаснува градоначалникот.
-„Истите средства ги издвојува општина Охрид како што ги издвојувала во 2017 втората компонента за номиналното намалување на буџетот е заради тоа што не се предвидени средства за субвенционирање кои што беа составен дел тоа ке биде направено во оној момент кога ќе ја завршиме стартегијата“, појаснува градоначалникот Јован Стојаноски.
Новата локална власт општина Охрид ја затекнала без ниту еден единствен развоен проект за 2018 година.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
