Лажен полицаец на патот Гостивар Кичево

Тетовец се претставувал како полицаец. За таа намена си изработил и фалсификувана службена легитимација, амблем со фотографија и фосфорно елече. 

 

Полицијата го затекнала на патот Гостивар Кичево а за лажното претатавување заработил кривична пријава.

– „На 14.01.2018 година во 20.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал С.М. (40) од Тетово. Од страна на полициски службеници бил направен преглед на возилот и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М., фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот Полиција. Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, С.М. (инаку евидентиран како сторител на кривични дела “измама“) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, информираат од МВР. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани