Најмногу заболени од грип во Западна Македонија

Грипот почна да зема замав. Минатата недела Институтот за јавно здравје регистрирал над 1.000 заболени од кои најголем број се од Западна Македонија.

Епидемиолозите велат дека со враќањето на учениците во училишните клупи нагло се зголемил и бројот на грипозни.

– Почесто да се проветруваат просториите во училиштата и граднките а болните деца да седат дома за да нема ширење на грипот. Препорачливи се  топли напитоци и витамин Ц и никако антибиотици на своја рака – предупредуваат лекарите. 

Засега состојбата не е алармантна а кулминација  се очекува кон средината на февруари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани