Ќе се зголемува бројот на туристи од Белгија.
Ова е една од темите на 60. меѓународен саем за туризам во Брисел (Brussels Holiday Fair).
На средбата мегу претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и тур-операторот „Томас Кук“, информирале дека бројот на туристи кои патуваат за Македонија од година во година значително се зголемува.
– Покрај организираните тури од големите тур-оператори, значителен е бројот на потенцијални туристи кои сакаат самостојно да си го организираат патувањето и да пристигнат во Македонија преку директната авионска линија на Визер, соопшти АППТ.
Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, можностите на Саемот за туризам во Брисел се мултиплицираат со фактот дека белгиските семејства се помеѓу најбогатите во Европа кои остваруваат 12,7 милиони одмори годишно, од кои пак осум милиони се подолги од 10 дена, а скоро 10 милиони се во Европа. Од вкупниот број жители во Белгија 74 проценти патуваат надвор од земјата, а вкупната потрошувачка за патувања и одмори е 16,1 милијарди евра, што ги прави број еден нација во Европа со просечна потрошувачка за одмори.
Првите туристи од Белгија организирано преку Тмас Кук пристигнаа во јуни 2016 година.
