Унеско да се вклучи во расветлувањето на проблемот со Алипашината џамија.
Посебна комисија да ја испита целата законска процедура во изградбата на споменичното добро, која според здружението на граѓани „Совест“ се коси со законот за заштита на културното наследство.
Да се ангажира лабараторија за испитување на староста на ѕидовите на џамијата за да се зачуваат остатоците од ранохристијанската базилика под истата се дел од барањата на здружението „Совест“ од Охрид, кое со месеци алармира за бесправното градење на Алипашината џамија во охридската чаршија.
.jpg)
-„ Ако сме цивилизирани ако се наоѓаме во 21 век ние треба да се отвориме и да прикажеме една вредност која ќе биде капитална посебно за УНЕСКО со која веќе сме во контакт и која е веќе известена за целата ситуација“ , вели Михаил Трендафилов.
Здружението „Совест“ поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Завод и музеј, градежниот инспекторат и Управата за заштита на културното наследство.
.jpg)
– „Немаме ние ни верска, ни политичка, ни етничка омраза кон никого. Ние си го сакаме Охрид и сите што сме родени во Охрид треба да се избориме Алипашината џамија да стане култруно наследство затоа што како таква е прогласена“, додава Трендафилов.
Министерот за култура во декември најави стопирање на израдбата на џамијата и комплетно ревидирање на целикот проект, поради бројните законски пропусти, но градежните работи не запреа до ден денес. Од „Совест“ бараат да се преиспита одлука за изградбата на 32 метри високото минаре кое ќе ја наруши визурата на градот Охрид.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
