Охрид во неколкуте општини дел од програмата за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) потпиша меморандум за соработка.
Валандово, Велес, Охрид, Свети Николе, Струмица и Чаир се шесте избрани општини, кои ќе добијат обука и поддршка со цел да овозможат буџетите на општината да се планираат и трошат во насока на очекувањата на жителите, а за таа цел ќе добијат и грантови во висина од 50.000 швајцарски франци.

„Oвој проект ќе придонесе кон промена на начинот на работење на општините. Преку зајакнување на комуникацијата меѓу членовите на советот и граѓаните, потребите и проблемите во општината ќе бидат појасни и повидливи. Ова значително ќе придонесе во подобрување на работата и навремено и соодветно решавање на проблемите “, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.
Првите шест општини се избрани во подготвителната фаза на проектот во 2016 и 2017 година. При изборот се запазени неколку критериуми, да има урбани и рурални општини, мали и големи, такви што немаат финансиски проблеми и такви што имаат финансиски тешкотии. Преку серија повици, во 2019 и 2020 година ќе бидат избрани уште 18 општини кои ќе влезат во оваа програма.
Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементирана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството во финансии, Здружението на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и сестринската агенција UN Women.
