Собранието на Република Македонија, денеска изгласа и донесе неколку измени во Законот за ПИОМ.
Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци.Дополнително се менува и одредбите од член 61 и се дава можност за користење семејна пензија за дете инвалид, за што досега немаше можност ако детето остварувало каков било приход или било вработено. Воедно, се менува и член 11 со што се носи основ за донесување методологија за бенифициран стаж.
