„Полио плус“ бара средства од игрите на среќа за здруженијата за хенидкеп.
„Полио Плус“ – движење против хендикеп,бара од државата, близу еден милион евра годишно средства од игри на среќа и лотарија, да ги подели на сите организации кои имаат проекти и програми за подобар живот на лицата со хендикеп, а не средствата да завршуваат само кај седумте сојузи обединети во националниот сојуз на инвалидски организации.
Според Елена Кочоска од „Полио плус“, овие средства треба да бидат целосно отворени за останатите организации на лица со хендикеп. Затоа што за изминатите години како незадоволство од нивно работење се формираа нови организации на лица со хендикеп,смета Кочовска.Поводно, свој коментар постави „Полио плус“ и на својот ФБ профил во кој се вели:
Доста молчевме! Време е да се преземат поконкретни реформски и транспарентни акции. Не смее да се дозволи до недоглед сите Влади (вклучително и оваа) да го користат принципот „раздели па владеј“. Цело време им се доделуваат скоро милион евра на само 7 организации, а останатите добиваат нула евра.На овој начин се поддржуваат „неиклузивни“ активности (шах за глуви, риболов, гравчејада, тортијада, најдобри домаќинки, мистер и мисици и сл) на овие 7 организации, а ниедна активност на останатите организации на лица со хендикеп. Затоа организациите безполезно се расправаат за распределбата на парите и не можат да проговорат со единствен глас за изградбата на „инклузивно општество“, согласно Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со хендикеп, ратификувана во „далечната“ 2011 година.Ова не е само обичен коментар, туку повик за акција! Инаку, барањето на „Полио плус“ доаѓа откако државниот завод за ревизија утврди низа нерегуларности во работата на сојузите на слепи и гливи и наглуви лица за 2016 година.
„Полио Плус“ е граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп.Мисијата на „Полио плус“ е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.
