Пратениците Мукоски и Василевски како и екс министерот Митко Чавков добија нови 30 дена притвор.
На пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани и Охрид, Крсто Муковски и Сашо Василевски, заедно со поранешниот министерот за внатрешни Митко Чавков, продолжена им е мерката притвор за нови 30 дена и тие и понатаму остануваат во истражниот затвор во „Шутка“. Во притвор остануваат и 10 други осомничени лица за настаните во Собранието од 27 април. Апелација го прифати предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за продолжување на мерките.Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски и организаторите на протестите за Заедничка Македонија Богдан Илиевски и Борис Дамовски се наоѓаат во домашен притвор а во куќен притвор остануваат и пратениците Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.
