Охрид град со негативен, а Струга со позитивен природен прираст

Охрид е меѓу неколкуте македонски градови со негативен а Струга со позитивен природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 32 општини во Македонија во последното тримесечје од 2017 година имало повеќе умрени  отколку живородени лица. Податоците на Заводот покакажуваат дека во поголемите македонски градови, има негативен природен прираст на населението.Битола, Штип, Кочани, Охрид, Струмица, Гостивар, Берово, Ресен, Кичево, Валандово, Виница, Делчево, Крушево, Македонски брод, Кратово, Крива Паланка, Прилеп се градови во кои, во посочениот  период е забележан негативен природен прираст.Помеѓу градовите со повеќе живородени отколку умрени лица во последните месеци од 2017 година се Скопје, Тетово, Струга и Гевгелија.Подолго време, демографите во земјава предупредуваат дека цели села и градови се пред исчезнување бидејќи во нив живее претежно возрасна популација.Додаваат дека младите мигрираат во Скопје или надвор од земјата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани