Сообраќајка кај Мешеишта, двајца тешко повредени

Во сообраќајка кај Мешеишта, двајца тешко повредени се пренесени во „Св.Еразмо“.

Синоќа во 19.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Мешеишта и Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66).
-Повредените,биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани