Во Струга, багерист оштетил водовод а крадец украл многу злато

Багерист, во Струга ја оштетил јавната водоводна инсталација а крадец „спечалил“ 185.000 денари. И двајцата заработиле кривични пријави.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.С.(47) од селото Лактиње, општина Дебарца.
Тој, казненото дело го сторил на 28 декември минатата година при извршување на комунални работи со употреба на тешка градежна механизација (багер) при чистење на мелиооративниот канал на Струшкото поле. Притоа, сега пријавениот од небрежност ја оштетил јавната водоводна инсталација на МЈП ,,Проаква Струга лоцирана во непосредна близина на магистралниот пат Струга-Подмољје.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга.
-Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од осми до дванаесетти минатиот месец во куќа лоцирана на улицата „Ристо Крле“ во Струга. Тој со тврд предмет го скршил прзорецот од приземјето на куќата, влегол во внатрешноста и извршил пребарување низ собите. Притоа, во спалната соба пронашол и одзел поголемо количество златни комплети и разновиден златен накит, швајц апарат, косалица на струја и два мобилни телефони. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од 185.000 денари, соопшти портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани