„Исплива“ нашата негрижа за езерото

Поројните дождови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови и нестабилното време проследено со силен ветер, предизвикаа висок водостој на реките и притоките кои се влеваат во Охридското Езеро.

Но тие со себе донесоа големи количини тешко разградлив отпад (пластични шишиња и друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др.) кои испливаа на површина од Охридското Езеро како неми сведоци за ниската еколошка свест на населението кое депонира отпад по речните корита.

-„Нашите служби викендов презедоа вонредни активности за расчистување на крајбрежниот појас и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк. По шеталиштето, езерските води покрај отпад исфрлија и големи количини муљ и трска. Се работи интензивно, и покрај неповолните временски услови и во повеќе тури отпадот е подигнат и транспортиран, а кејот темелно изметен. Со оглед на временските услови, работниците вонреден ангажман на кејот ќе имаат и во наредните денови3, информираат од ЈП Охридски Комуналец. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани