„Др Баткоски“: 3D СТОМАТОЛОГИЈА – ЗАГАРАНТИРАНА УДОБНОСТ НА ПАЦИЕНТОТ

Совети од ПЗУ „Докто Баткоски“ Охрид: 3D СТОМАТОЛОГИЈА – ЗАГАРАНТИРАНА УДОБНОСТ НА ПАЦИЕНТОТ.

 

Имате стари коронки кои е потребно да ги замените, а идејата за враќање на самиот почеток и помислата на непријатните смеси кои се неопходни за отпечатување на Вашите заби ја слабее Вашата решителност. Модерната стоматологија, имајќи го вид сето ова, нуди алатка од најновата технологија со која целосно се менува досегашниот начин на земање на отпечаток од заби.

“Apollo Di” на компанијата “Sirona” е најнов дигитален модел на интраорален скенер кој дава најголема прецизост од досегашните техники за отпечатување. Сликата добиена со интраоралниот скенер се претвора во виртуелниот 3Д модел во реално време и се испраќа во заботехничка лабораторија со што се скратува значително времето за изработка и што е најважно за Вас се отстранува непријатното искуство на пациентот при земање на отпечаток на класичен начин со лажица и отпечаточна маса.

Предностите на овој апарат се огледуваат во:
-неговата прецизност
-едноставната употреба
-компатибилноста
-прифатлив е од страна на пациентите
-можноста за директна комуникација.

Квалитетот на дигиталниот отпечаток има решавачко влијание врз прецизноста и естетиката на крајниот производ- Вашите нови заби. Со овој скенер можноста за грешка е сведена на минимум, така што дополнителните проби и корекции на изработките, кои се чести при класичното отпечатување, на Ваше задоволство се избегнуваат.

Social profiles