Во канадскиот град Калгари, Македонците одржаа мирен протес поврзан со името и законот за јазиците.
Македонците во Калгари, градот каде што во 1988 беа одржани Зимските олимписки игри, денеска одржаа протестен митинг.На протестот беше упатен проглас во кој се осудува Законот за јазиците кој што создава нови делби и меѓуетнички тензии во земјата. Во прогласот прочитан од македонскиот активист Сашо Маневски се бара и прекин на преговорите за името во ОН.
“Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу Албанската заедница и остатокот на Македонското општество.Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските чоковекови права за самоидентификација и го презира дигнитетот и достоинството на Македонската нација каде и да сме.Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето Уставно Име.
ДА Живее Македонија!”, се вели во прогласот што можете да го видите на видеото подолу.
