Забрани за камиони на Стража и Пресека

Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека.

 

СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани