Со измами, охридска сметководителка оштети фирми за 4.591.611 денари или 74 000 евра.
41 годишна охриѓанка-сметководителка, можеби е единствената што успеала, шест години да ги краде клиентите и да остане незабележана. Б.Н. (41) од Охрид, со компјутерска и со други измами, оштетила фирми за 74.000 евра а по 6 години „заработила“ кривична пријава од охридската полиција, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „компјутерска измама“,„проневера во службата“ и „фалсификување на службена исправа“.
Портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски, вели дека пријавената, во периодот од 2011 до 2017 година, како вработена сметководителка во сметководствено биро од Охрид, ја искористила својата службената положба и овластување и без знаење и одобрување, од четири правни субјекти-клиентите на бирото, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од нивна сметка вршела плаќања на својата сметка, противправно присвојувајќи пари доверени во службата.
-Пријавената извршила фалсификување на содржината на оригиналните 369 изводи од електронските банкарства со внесување во истите на невистинити податоци, при што вкупната материјална штета за четирите правни субјекти нанесени во истиот период изнесува 4.591.611,оо денари, информира портпаролот Димоски.
Пријавената, ја искористила можноста што физички ги поседувала банкарските токени со корисничките имиња и лозинки на клиентите кои се наоѓале во просториите на сметководственото биро и, практично и биле на располагање за вршење плаќања за нивни потреби.
