На предлог на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, Владата јa разгледа и усвои Информацијата за ослободување од учество (партиципација) при користење на здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.
На вчерашнаѕа седница беше утврден и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства. Овој предлог за ново законско решение има за цел обезбедување на сигурни, квалитетни и безбедни лекови за потребите на пациентите во Република Македонија од паралелен увоз, обезбедување на лесно достапни податоци за лекот на надворешното пакување за здравствените работници, како и пофункционално и поефикасно работење на Комисијата за цените на лековите.
