Празнувајте со љубов! Бигорски со ново видео за Христовите страдања

Бигорската обител подготви ново видео посветено на Страдањата Христовои, како вовед до последната недела од големиот пост пред најголемиот православен христијански празник – Воскресението Христово, Велигден.

 

Овој видео материјал, нуди прекрасна можност нашиот народ да се подготви за претстојните значајни и големи денови, да ги почувствува и соодветно да ги пренесе меѓу ближните. Богослужбите кои се прикажани оставаат силен впечаток меѓу верните, го зајакнуваат нивниот дух, оти како што се вели и во самото видео, тие сите нас нè внесуваат во историските мигови на Христовите страдања, но не само како набљудувачи, туку и како живи учесници, велат од Бигорски за Религија.мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани