Од 15 мај НБРМ во оптек ќе пушти книжни пари во апоени од 10 и 50 денари изработени од полимер.
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука од 15 мај годинава да бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари.Тие ќе ги заменат книжните пари во апоени од 10 и 50 денари што во оптек се во земјава од 8 септември 1996 година со што не ќе бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка, се наведува во соопштението.Советот на НБРМ на седница донесе Одлука од 15 април годинава да бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од два денари, со ознака на ковање „2018“.
