Ова е распоредот на богослужбите за Велигденските празници

Православните христијани се подготвуваат за христовото Воскресение. 

 Ова е распоредот на  БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

06.04.2018- ВЕЛИКИ ПЕТОК
НАУТРO: Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.
ВЕЧЕРТА: „Оплакување и опело на Христа“, почеток во 19 часот.
07.04.2018-ВЕЛИКА САБОТА (БЛАГОВЕШТЕНИЕ)
НАУТРO: Василиева литургија во сите парохиски цркви. Со почеток во 8.30 часот.
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 часот.
НАУТРO: 08.04.2018 – Втора литургија ќе има во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8.00 часот.
08.04.2018 – ВЕЛИГДЕН Вечерна богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17 часот.
09.04.2018 – ΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ПОНЕДЕЛНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви, со почеток во 8.30 часот.
10.04.2018 – ΙΙΙ ДЕН ВЕЛИГДЕН-(ВТОРНИК)
Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. За Варош,во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“- Охрид.
12.04.2018 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК
Литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.
13.04.2018 – ИСТОЧЕН ПЕТОК-БАЛАКЛИЈА Утрена со Златоустова литургија ќе има во црквата „Св.Богородица“-Каменско, (Едноцрквие) со почеток во 7.30 часот.
15.04.2018 – ТОМИНА НЕДЕЛА Литургија во сите парохиски цркви. Со почеток во 8:30 часот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани