Охриѓанецот д-р Виктор Груев и натаму изненадува со своите светски научни откритија.
После откривањето на специјалните хируршки очила за детекција на клетките на тумор, кои се сметаат како револуција во светската медицина, овој пат уште едно смело откритие.
.jpg)
Д-р Груев дизајнира камера за да се види светот под вода со очите на животните. Кемерата беше тестирана во Сан Франциско,Мексико, Кордоба – Аргентина, па на југот на Африка во Австралија , но и во Охридско Езеро.
Врвниот научник со својот тим истражувачи од Универзитетот во Илиноис разви подводен ГПС метод користејќи информации за поларизација собрани со камера инспирирана од биографии, имитирајќи ги очите на ракчиња од родот Мантиси и претходно употребени од страна на научникот во друго истражување. Наодите, објавени во светското научно списание „ Научен напредок“ , се првите кои демострираат пасивен подводен GPS со користење на поларизирачките својства на подводното светло. Оваа технологија може да отвори нови можности за подморска навигација и разбирање на миграторното однесување на морски животни.

Камерата, со варијација на поларизатор се вика Mantis Cam и при ракувањето со неа се користи предноста на светлината која се прекршува и минува низ површината на водата, пришто се одбива од честички и молекули на вода.
ВИДЕО
Во моментов др Виктор Груев , на кој охриѓани се навистина горди предава и врши научни истражувања на Универзитетот во Илинос – САД.
