Хуманитарен Велигденски фестивал во Охрид

Хуманитарниот Велигденски Фестивал „Охридски Игри„ е во организација на Оптшинската Организација на Црвен Крст Охрид во соработка со МИОФФ- организација за фестивали, во склоп на програмата ЦКА-ПХВ.

Хуманитарен Велигденски Фестивал ќе се одржи денес (06.04.2018) во 19.30ч во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

На Фестивалот  „Охридски Игри„, ќе настапат културни уметнички друштва од Охрид(Соната, Ѓердан, Фолклористи, ЗП на Охрид и Дебарца) како и фолклорен ансамбл Мугурелул од Р. Романија.

Влез 100 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за операција на очи на 15-годишниот Охриѓанец Петар, за која се потребни 80.000 денари. Веруваме дека со вашата хуманост ќе успееме да помогнеме, за тоа што е најпотребно.

Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот Крст на Р.Македонија.Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен Крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работат со младенците.Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот Крст,учат за културата како систем од вредности,за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.Исто така во текот на овие обуки тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат,а притоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.Во текот на циклусот 2017 година обуката ја поминаа 1247 младинци,и беа изработени 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории,вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани