Со европски пари ќе се реконструира градскиот кеј

Општина Охрид ќе бара пари од европските фондови за реконструкција на кејот „Македонија“.

 

Кејот е речиси руиниран. Поради сиолното невреме на повеќе места се раскопани огромни дупки.

Во тек е изработка на проект за реконструкција општината , со кој општината ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време 

 Проектот за реконструкција на кејот беше изработен уште за време на претходната локална власт, но чекаше одобрение од Министерството за транспорт и врски. Зелено светло не доби поради немањето водостопанска согласност и опасност за деградација на Охридското езеро бидејќи со него било предвидено дел од патеката на кејот да биде поставена на колци кои ќе се во езерото, пишува ТВМ. 

 

Општина Охрид после направените корекции во проектот очекува да добие пари преку ИПА фондовите и тоа во висина од 1милион и 200 000 евра. Владата неодамна најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани