Се бара нов концесионер на Охридското езеро

Се врши ревизија на риболовните основи на Охридското езеро. Во следниот период ќе следува измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на ендемичната пастрмка и белвица.

 

Се очекуваат засилени контроли и од албанска страна. 

„Ние со министерот од Албанија разговаравме за засилените контроли кои ќе следат и од албанската страна, не информираше дека веќе има преземенп мерки и активности и разговори со задругата која што управува во делот на охридското крајбрежје од страната на Албанија и на следниот министерски состанок во Корча ќе разгледаме конкретен извештај во овој правец. Сите овие активности говорат за фокусот и акцентот кој што МЗШВ го става во делот на заштита на Охридското езеро во делот на риболовот“, рече  Љупчо Николовски, министер за земјоделие шумарство и водостопанство.

И Р. Албанија конечно почна да презема мерки во однос со заштита на ендемските видови риби во Охридското Езеро.

-„Во делот на риболов и водите ние треба да ги засилиме нашите контроли и нашата соработка. Менаџирањето на албанскиот дел е дадена на коперацијата, додека контролата и мониторингот е во рамките на државните институции“,  изјави министерот на Албанија Нико Пелеши.

Министерот најави  распишување на нов тендер, односно оглас за нов концесионер на Охридското Езеро бидејќи концесијата истекува оваа 2018 година. 

На 11 април во Охрид ќе се организира голема Меѓународна конференција кога ќе бидат презентирани конкретните заклучоци. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани