Царината со кампања ќе ги едуцира младите за штетноста на дрогата.
Царинската управа на Република Македонија ќе реализира низа едукативни кампањи за младите на кои ќе ги информира за штетните влијанија на дрогата.Кампањата ќе се спроведува во период од 10 до 13 април во повеќе средни училишта во Охрид, Струга, Скопје, Куманово, Тетово, Дебар, Битола, Прилеп, Делчево и Штип. Стручни тимови на царински службеници преку разговор ќе ги информираат средношколците за штетните последици од трговијата со дрога. Кампањата е дел од настаните по повод одбележувањето на 14 април – Денот на Царинската управа,со кои се одбележува 26 година самостојна и независна Царинска управа на Република Македонија.
