Деца од проектот „Млади-научници“ деновиве ќе ја посетат Струга.
Деца од предучилишна возраст-учесници на втората траснационална средба на проектот ,„Млади научници“ на Програмата „Еразмус +“, неделава ќе ја посетат Струга и ќе ги ги разгледаат културно-историски споменци на градот.Носител на проектот како претставник на Македонија е дебарската градинка „Брешија“ додека како партнери се градинки од Данска, Италија, Турција и Литванија. Во рамките на втората фаза од проектот, ќе се реализираат бројни активности во повеќе сфери во кои се вклучени децата – млади научници. Ќе учествуваат и претставници на градинките од земјите партнери во проектот а ќе се презентираат досегашни активности во секоја земја-ученик во проектот и тоа по математика, технологија, англиски јазик и други области.
