После огромната навала на туристи за време на продолжениот Велигденски викенд, Охрид повторно празен.
Иако нема официјални податоци, се претпоставува според слободните проценки, изминатите четири денови десетина илјади гости го посетија главниот туристички центар. Најпосетени локалитети според туристичките водичи кои ги контактираше Охриднет.ком беа знаменитостите во стаиот дел на градот, но и Музејот на вода и манастирскиот комплекс Свети Наум.
И покрај убавото време до крајот на април туристи се оччкуваат само за викенди. Од 1 мај веќе почнуваат организираните групи гости преку странските тур оператори, од Холандија и Полска.
