„Кристал мет“ ги претвора корисниците во канибалисти

Крајно опасна и смртоносна е дрогата „Кристал мет“, деновиве откриена и во Македонија. Но што е всушност дрогата „Кристал мет?

За помалку од две години користење, синтетичката дрога „Кристал мет“, предизвикува страшни органски и психички пореметувања, психо-физички ги изобличува корисниците и ги прави вистински монструми и канибалисти. Порталите спомнуваат случаи во Србија, кога оваа дрога била причина нејзините корисници да си ги силуваат дури и членовите на семејството.Корисниците на оваа дрога, умираат во најсилни болки. Овој прав, личи на ситни кристали (некаде поради тоа се нарекува “ice” – мраз), предизвикува силна зависност, а по употребата корисникот може да остане буден и по 30 часа без никакво чувство на замор. За кратко време, настапуваат првите последици- разорување на нервниот систем, оштетување на мозокот,халуцинации,еуфоричност, несоница, тешка депресија и за кратко време забележително губење на телесна тежина и брзо стареење. На нарко пазарите, Кристалот го викаат ‘кокаин за сиромашните’. Тоа што е најзагрижувачко е дека оваа дрога е поевтина од другите типови дрога.Во Србија,каде во 2013 година биле запленети 8,5 килограми „Кристал мет“, на црниот пазар еден грам се продава за помалку од 2 евра. Токму ниската цена, оваа дрога ја вброи во групата наркотици за сиромашните, кои најчесто не се ниту свесни што користат. За прв пат во Македонија откриена е смртоносната дрога „Кристал мет“ во импровизираната лабораторија во скопското село Грчец. Во домашна кујна полицијата пронашла амфетамин, метамфетамин и  супстанци за производство на смртоносниот кристал. Во импровизираната лабораторија работеле двајца. Едниот е приведен и е државјанин  на Чешка, а другиот е Македонец кој се уште е во бегство. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани