Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски вчера присуствуваше на масовниот протест во Дебрца, против изградба на регионална депонија.
Во придружба на пратеничката Жаклина Лазароска и рпетседателот на ОО на СДСМ Охрид Лазе Танески заедно дадоа поддршка на дебрчани, кои масовно се „борат“ против одлуката регионалната депонија да се гради во село Годивје.

-„Во моментот, кога Советот на општина Охрид и раководството и формално ќе застанат зад колегите од општина Дебрца, “приказната” за регионална депонија во Годивје, ќе стане беспредметна!!! Оној, или оние, кои ќе се изгорат на „млекото“ -Дебрца, долги гоидини ќе дуваат и на „матеницата“.Оној, или оние, кои нема да ги поддржат дебрчани во ова, нема што да бараат на наредните избори-сеедно локални,или парламентарни“- вели аналитичарот,публицист Веле Митаноски

