Охридските гимназијалци со одлични резултати на натпреварот по англиски

На 21.04.2018 година се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, а во организација на ЕЛТАМ. И овој пат учениците од гимназијата „Св.Климент Охридски“ покажаа одлични резултати.

Под менторство на проф.Сузана Ристеска, тие ги освоија сите три места со следниот редослед: Павел Спростран – прво, Ангел Јованоски – второ и Кирил Ковачески – трето место. Со тоа учениците обезбедија учество за државен натпревар, кој ќе се одржи во текот на мај во Скопје.
На учениците им посакуваме среќа и повторно се надеваме на убави резултати.
Голема благодарност до локалните координатори на ЕЛТАМ, Елинда Агиќ и Селпи Пошка, за беспрекорната организација и соработка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани