Ова лето „Сите во Охрид“. Eдна од најактуелните хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер Џекс Џонс на Охрид колинг 2018, вечерта на Илинден, нa 2 август, помеѓу големите фестивалски настапи на Димитри Вегас и Лајк Мајк (на 1 август) и Армин ван Бурен (на 4 август).
Со вакви супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (A&I: More Than You Know, Don`t you worry child, DVLM: Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа.
Двата настана ќе бидат проследени со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.
Авалон подукција оваа година има важен јубилеј – 25 години од нејзиното постоење. Во рамките на јубилејната, подготвија исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена.
Тука се и Скопје колинг фестивалот со настапите на Алан Вокер (02.06.2018), Систер блис фејтлес диџеј сет (03.06.2018), Аксвел и Ингросо (1.06.2018), Морчиба (22.06.2018) и Тексас/Дарко Рундек (23.06.2018, АРМ Стадион – Скопје) и Охрид колинг фестивал со Димитри Вегас и Лајк Мајк на 1 август, Џекс Џонс на 2 август и Армин Ван Бурен на 4 август на стадион Билјанини извори – Охрид.
Авалон го носат и Брајан Фери на 9 септември во Maкедонската филхармонија, како и „Ту челос“ на 6 октомври во ВИП Арена – Скопје и „Брит Флојд“ на 14 ноември.
