Здружение на граѓани “СОВЕСТ“ Охрид организира трибина на тема “Се менува ли визурата на Охрид со новите урбанистички и архитектонски решенија“.
Трибината се организира со цел да се слушне гласот на стручната и пошироката јавност, за одредени урбанистички и архитектонски решенија, кои драстично го менуваат изгледот на градот. Уверени сме дека ваквите решенија ќе предизвикаат социјални и културни импликации, кои ќе имаат негативни последици врз целокупното живеење во Охрид.
Трибината ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид на 25 април 2018 година, со почеток во 18:30.
