Охриѓани повторно го кренаа гласот против нелегалната изградба на Алипашината џамија. На вчерашната дебата организирана од страна на Здружението на граѓани „Совест“ тие повторно ги повикаа надлежните да ја стопираат нелегалната градба.
Наместо да се конзервира споменикот на културата , таму нелегално се гради со тешка механизација велат стручните архитекти.
.jpg)
-„Според прописите за конзервација на објекти не смее да се користи цемент, малтер или бетон.Што се однесува до висината на минарето, сметам дека е сосема непотребно толкава висина од 32 м. И лично јас не верувам дека тоа минаре некогаш било толку високо од проста причина што од тула препечена во отворени фурни тешко да може да се изведе објект со толкава висина да биде сеизмички стабилен и да биде конструктивно направен од вар и малтер.При конзервација мора да се изгради се од автентичен материјал, така налагаат прописите. А клучен проблем е што се кршат законите се гради без одобрение за градба, без документи “, вели Димитар Зарчев познат архитект од Охрид.
.jpg)
-„Ние немаме апсолутно ништо против реконструкцијата и реставрацијата на Алипашината џамија, но имаме и се противиме против она што се работи нелегално и незаконски и шт ќе предизвика понатамошни импликации врз целокупното живеење во Охрид“, вели Томе Џамто од здружението на граѓани „Совест“.
.jpg)
Дополнително прашање е менувањето на визурата на градот Охрид.
-„Градот си има панорама која изминативе сто години наназад не е менета а и повеќе од сто. Сега ние ќе градоиме нови објекти кои ќе биде прилично незгоден затоа што ние без тој објект влеговме во Унеско, што значи е контролата од светската организација ќе биде построга.
.jpg)
Вчера попладне охриѓани жестоко дебатираа на трибината и повторно од здружението на граѓани „Совест“ испратија дописи до сите надлежни иснтитуции да престане нелегалното градење на Алипашината џамија во Охрид.
.jpg)
