Европска конференција на Society of Wetland Scientists ќе се одржи во Охрид.
Во периодот од 30-ти април до 5-ти мај, во Охрид ќе се одржи 13-та Европска конференција на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми (Society of Wetland Scientists). На конференцијата ќе учествуваат околу 50 научници од целиот свет кои, во рамките на практичниот дел, ќе го посетат охридско-преспанскиот регион, охридското Студенчишко Блато и планинските еко системи на Галичица и Преспанското езеро. Светските научници ќе држат предавања но и научни трибини на Факултетот за туризам и угостителство.
