Во четврток Охрид цел ден без вода

Во четврток, 3-ти мај Охрид  цел ден ќе биде без вода. 

 

-„Ќе се спроведе голема годишна  акција,  која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти, сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти“, информираат од  МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид. 

Поради сложеноста на активностите, целосниот прекин во водоснабдувањето ќе трае  од 01 00 часот по полноќ  се` до 19 00 часот.

Не заборавајте да си наполните вода за дневните потреби! 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани