Гости од сите страни на светот го преплавија Охрид

Охрид – светот во мало, гости од сите страни на светот. Огромен број странски и  домашни туристи овој претпразничен  викенд го преплавија градот.

Хотелите  се резервирани со гости од  Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, но  и  туристи од земјава. Силните  промоции и субвенциите на авио превозниците и туроператорите, но и убавото сончево време  придонесоа да расте бројот на туристи, кои  организирано  доаѓаат од   Полска, Данска,Холандија, Шведска, Турција и Кина.

 Покрај хотелските капацитети, кои се речиси целосно резервирани   за Првомајските празници голем број туристи   има и  во приватното сместување.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани