Охриѓанец ја запроси девојката на мечот Вардар-Кил

На натпреварот меѓу Вардар и Кил, љубител на ракометот од Охрид ја запроси својата девојка, а таа му го кажа судбоносното „да“.

 

Владимир Танаскоски беше доволно храбар и ја побара Ирена Цоцеска за сопруга, а таа пред сите се согласи да стапи во брак со него.

„Ирена, ќе се омажиш ли за мене?“, стоеше на видео-бимот во СЦ „Јане Сандански, а девојката ја прифати понудата. Салата ги поздрави со аплауз, а девојката од среќа прсна во плач, пренесува Гол.мк. 

Нека им е со среќа!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани