Октишанец, со нож тргнал во наплата на пари во Струга

Младо момче, со нож сакал да си го наплати паричниот долг.

21 годишен жител на струшко Октиси, заминал во Струга и со нож сакал да го наплати паричниот долг од негов познаник. Од струшката полиција добил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(21) од струшкото село Октиси.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 минатиот месец, пред семејната куќа на Н.Б. во Струга, каде започнал вербална расправија со него за неисплатен паричен долг а потоа и физички го нападнал. Во еден момент, тој од седиштето на скутерот извадил нож и се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани