Визер: Летовите од Охрид до Лондон ќе функционираат само во летните периоди

Авио компанијата „Визер“, преку соопштение кажа дека летовите од Скопје до Барселона и Ваксјо и од Охрид до Лондон ќе функционираат само во летните периоди.

Според министерот за економија Крешник Бектеши,намалувањето на летовите на ниско буџетската компанија Виз ер нема да влијае на растот на бројот на туристите кои ја посетуваат Македонија. Во месец јуни оваа година Македонија ја посетиле 102.327 туристи, што е за 20, 7 отсто повеќе туристи за во споредба со истиот месец лани. Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани