Постојано пишуваме за проблемот со бездомните кучиња низ градските улици. Некои се мирни и питоми, но има и агресивни. Лаат и напаѓаат кучиња, но и луѓе.
Пред два денови агресивна глутница кучиња е забележана кај градската библиотека. Во темницата додека се напаѓале меѓусебно, агресивните кучиња почнале да лаат и да бркаат две девојчиња. Ова е фотографијата која тие успеаа да ја направат во темницата.
.jpg)
Со години трае препирката меѓу граѓаните. Едни сакаат кучињата да ги нема од градските улици додека други гласно ги штитат и ги хранат.
Од друга страна изминативе години сите сме сведоци на низа напади од кучиња.
.jpg)
